Белоруските трамваи „Чижик“ на улиците во Санкт Петербург
Компанијата „Штадлер“ минатата година победи на конкурсот за набавка на двонасочни зглобни нископодни трамвајски вагони. Нарачател е Транспортната концесиска компанија која ја започнува првата санктпетербуршка мрежа на приватен трамвајски превоз.
Со договорот предвидена е испорака на 23 трамвајски вагони од класата „Метелица“, триделни, со должина од 33.5 метри. Првите шест примероци во градот на Нева се очекуваат ова лето. Ќе функционираат под брендот „Чижик“, како што ќе се вика и трамвајската мрежа и шинските возила.
Најнеобичната тролејбуска линија на светот
Новите трамваи се одликуваат со брз и сигурен транспорт. Чижик може да прими до 370 патници (места за седење има 66). Композицијата е двонасочна со две возачки кабини и симетрично поставени врати од двете страни.
Особено се истакнува нискиот под на вагонот. Кабините се опремени со современи системи за климатизација и за греење, визуелно и аудио информирање, како и платформа за колички, Интернет итн.