На денешен ден во 1941 година првпат во борба беше употребена „Катјуша“
„Катјуша“ е познат тип на повеќецевен ракетен фрлач, првпат произведен и употребен од страна на Советскиот Сојуз во Втората светска војна.
Катјуша не е официјалното име на орудието, тоа е прекар даден од страна на војниците кои го употребиле фрлачот. Војниците на Црвената Армија го прифатија прекарот од популарната воена песна „Катјуша“, во која се пее за една девојка која копнее по својот сакан кој е пак служи војска некаде далеку.
Официјалното име на „Катјуша“ е „БМ-13“.
Познатиот ракетен систем првпат влезе во битка на 14 јули 1941 година и остана на фронтот сѐ до последниот напад на Берлин на Црвената Армија. Всушност, помеѓу 1941 и 1945, советските фабрики произведоа 10000 легендарни фрлачи.
Се смета за едно од најдобрите оружја во Втората светска војна.
Катјуша на Парадата на победата