На Камчатка најдено сираче на морска видра
Младото беше најдено во критична состојба на брегот на Авачинскиот залив, соопштува регионалната Агенција за ветеринарна медицина на својот сајт.
Во Охотско Море откриени над 500 нови видови животни
„Двомесечното младо на морска видра беше најдено во критична состојба на брегот на Авачаинскиот залив. Волонтерите ги известија „Росприроднадзор“ и Агенцијата за ветеринарна медицина. Прва помош на животното му укажаа во градската ветеринарна станица“, се вели во соопштението што го пренесува RT.
Во моментов животното е под надзор на специјалистите на регионалната станица за борба против болести на животните во Петропавловск-Камчатски.