80% од Русите ја поддржуваат забраната на „Јеховините сведоци“
Мнозинството Руси - 79% - ја поддржуваат забраната на „Јеховините сведоци“ од страна на Министерството за правда на Русија, соопштува „Левада-Центар“.
„Дефинитивно ја одобруваат“ забраната на верската организација 51% од испитаниците, повеќе ја одобруваат“ 28%. За тоа знаат во детали 13% од испитаниците, „слушнале нешто за тоа“ уште 34% од Русите. Притоа половина од испитаниците ништо не слушнале за забраната на „Јеховините сведоци“ од страна на Министерството за правда на Русија.
На прашањето кои се „Јеховините сведоци“, 49% од Русите изјавиле дека тоа е христијанска секта, 15% сметаат дека тоа е посебна религиозна деноминација, 5% ја нарекуваат организацијата „изданок на протестантизмот“, 2% - обични христијани. 20% од испитаниците не слушнале ништо за „Јеховините сведоци“.
ЕУ застана во одбрана на „Јеховините сведоци“ во Русија
Анкетата беше спроведена од 23 до 26 јуни 2017 меѓу 1600 луѓе, статистичката грешка не надминува 3,5%.
Вишиот научен соработник на Образовно-научниот центар за проучување на религиите при РГГУ Борис Малишев изјави дека остриот негативен став кон сектата „Сведоци“ е 80% заслуга на медиумите, државната пропаганда и 20% на стереотипизацијата на граѓаните. Според него, пошироката јавност има нејасна претстава за религиите, бидејќи државната пропаганда ги признава само христијанството и исламот, а сето „останато се смета за несреќно недоразбирање“, пренесува www.newsru.com.
На 20 април 2017 Врховниот суд на Русија го задоволи барањето на Министерството за правда на Руската Федерација за поништување и забрана на работата на територијата на Русија на „Јеховините сведоци“. Според одлуката на судот организацијата беше прогласена за екстремистичка, а нејзиниот имот беше запленет од државата за сметка на буџетот.