Добавить новость
World News in Macedonian





160*600

Новости сегодня на DirectAdvert

Новости сегодня от Adwile

Актуальные новости сегодня от ValueImpression.com


Опубликовать свою новость бесплатно - сейчас


Балкански стереотипи за Русинките: Што е мит, а што вистина?

Мит број 1: Русинките се убави

Русинките излегуваат „меѓу луѓе“ дотерано како сега да се симнале од насловна страница на некое модно списание, односно во фустани кои им стојат како излиени, задолжително со штикли (на кои се движат грациозно независно од годишното време и од подлогата), со совршена шминка и идеална фризура.

Наведените карактеристики секако се преувеличени, но сепак во нив има и вистина. Русинките се трудат да изгледаат привлечно. Објаснувањето е едноставно: историските околности се такви што во Русија има повеќе жени од мажи, така што конкуренцијата е мошне силна. А, што се случувало и што се случува со руските мажи? Русија има преживеано многу војни, а 20 век со своите револуции, граѓански и светски војни, со Гулагот и депресијата од деведесеттите години на минатиот век, е еден од најкрвавите и најтешките векови во нејзината историја. Во наште време се забележува позитивна тенденција во статистиката, но мажите и понатаму умираат од срцев удар, рак, сида, алкохол, тутун, невнимание на работа итн. Жените во Русија во просек живеат 75 години, а мажите 63 години. Така излегува дека на еден маж има повеќе од една жена. Некој ќе помисли дека тоа и не е лошо. Сепак, подобро би било соодносот да биде 1:1. Според тоа, доколку видите Русинка која е премногу свечено облечена за некое конкретно место или за некоја конкретна ситуација, не брзајте да ја осудите. 

Сергеј Малгавко / РИА Новости

Мит број 2: Сите Русинки сакаат да се омажат за странец

Одговорно тврдам дека не се сите Русинки такви! Но, ни овој мит не се појавил случајно. Интернетот е преполн со сајтови за запознавање каде жените од Источна Европа (државјанки од сите земји на поранешниот СССР често ги третираат како „Русинки“), па и државјанки на Русија, ја бараат во странство „љубовта на својот живот“. Благодарение на овие сајтови врежан е ставот за очајни и сиромашни жени (или проститутки) од Истокот кои се обидуваат да „уловат“ западен „принц“ и да си обезбедат удобен живот. Така настанал митот дека Русинките се „суштества“ подготвени да се омажат за кого било, само за да се извлечат од земјата во која животот не е лесен.

Алексеј Малгавко / РИА Новости

Многу Русинки навистина бараат партнер во странство. Постојат голем број агенции за брачно посредување кои спојуваат двојки: жена од Русија и маж од Западот, од европските земји. Сепак, треба да се нагласи дека главниот мотив што ги придвижува Русинките не е бегството, ами потрагата по „идеален маж“ надвор од Русија каде „ловот е слаб“, иако во определени случаи навистина може да биде присутна и желбата да се избега од провинцијалното сивило, сиромаштијата и безнадежноста.

Мит број 3: Сите руски жени се добри и полни со љубов

Веќе постоеле многу обиди да се ѕирне во душата на типична Русинка, особено во литературата. Хероините на познатиот руски поет Александар Пушкин се верни, романтични, карактерни и полни со доблести. Жените на руските „декабристи“ го оставаат високото општество и заминуваат со своите мажи во Сибир. Хероините на Достоевски страдаат заедно со мажите кои се во големо искушение. Ана Каренина го жртвуваше семејството заради љубовта. Најидеалните жени, поточно госпоѓици, ги има прикажано Иван Тургенев. Сосема поинаков лик на жена од осумдесеттите години на 20 век наоѓаме во познатото дело на Виктор Ерофеев „Руска убавица“, каде манекенката Ирина Тараканова е прикажана како жена која станала безволна од сеопштото лицемерност, се разочарала од луѓето (особено од мажите) и, што е најважно од татковината. Тоа е жена која очајнички ја очекува својата смрт и не гледа спас ниту во религијата, ниту во емиграцијата.

Валерија Ланскаја во улогата на Ана Каренина / Press photo

Доколку ги оставиме настрана сите литературни ликови, што можеме да кажеме за Русинките? Какви се тие навистина? Не постои сомнеж дека Русинките сочувствуваат со луѓето во неволја. Тоа е онаа изразита црта која е својствена на многу Русинки, исто како што на еврејските мајки им е својствена претераната грижа за децата и за мажот.

Извор: Филип Херберт

Сочувството е всушност својствено за сите жени, но тоа кај многу Русинки е хипертрофирано. Освен тоа, Русинките по правило и самите страдаат во текот на животот, исто како и нивната татковина Русија. Непрекинатите војни и неуспеси на генетско ниво не им даваат на Русинките постојано да живеат среќно и во благосостојба. (Русинките често плачат, без оглед на возраста). Несреќната судбина на жените во Русија е трагикомично одразена во следниве прилично неумесни руски пословици:

Зошто странците се женат со Русинки?

Удри ја жената со чекан, ќе биде како злато. (рус. „Бей бабу молотом – будет баба золотом“).

Кокошката не може да стане петел, а жената не може да стане машко. (рус. „Курице не быть петухом, а бабе мужиком“).

Гледај си го, жено, своето криво вретено. (рус. „Знай, баба, свое кривое веретено“).

Не нашла жената маж, па се омажила за трупец. (рус. „Не нашла баба мужика, вышла за чурбака“).

Кучето е попаметно од жената – не лае на стопанот. (рус. „Собака умней бабы: на хозяина не лает“).

Мит број 4: Русинките се кротки, попустливи и ги слушаат своите мажи

И ова мислење се врежало во текот на вековите на нерамноправноста на жените. Меѓутоа, треба да се истакне дека жените во средновековна Русија биле образовани како и мажите. Девојките оделе на училиште и стекнувале образование. Во Новгород во средниот век цутела републиката. До неа стигнале монголските освојувачи. Таму жените имале право на глас, што не било случај во Европа, како што немало ни образовани жени. Што се случило потоа? Поголемиот дел руски кнежевства станале зависни од Златната орда и таа зависност траела речиси три века (до 1480 година), што морало да се одрази на менталитетот на народот. Односот кон жените станал источен. Жената била должна да раѓа деца и да го води домаќинството. Тоа биле нејзини задолженија барем во следните три века (со мали варијации поврзани си припадноста на определен сталеж). Образованието на жените им го „вратил“ Петар Велики, но главна улога во еманципацијата на жените во Русија одиграла Екатерина Дашкова, пријателка и соработничка на Екатерина Велика, првата жена во Европа која била член на Академијата на науките. Но, овие промени се однесувале само на највисокиот сталеж. Жените во Русија почнале да стекнуваат образование независно од сталежот дури по револуцијата од 1917 година. Тогаш болшевиците имале за цел да создадат „нов човек“. „Решавањето на женското прашање“ (ваква формулација постоела во партискиот речник) значело дека жените мораат да бидат поактивни во борбата за социјализмот. Формирани се специјални „женски совети“ за работа со жените, со цел да се надмине пасивноста на Русинките. На чело на овие совети била еманципираната и контроверзна дама Александра Колонтах, првата жена на министерска функција.

Аша Мајлс

Но, и по советската и современата глобална еманципација, жените во Русија сè уште се помалку еманципирани од Европејките, а да не зборуваме за Американките. Русинките со задоволство му го препуштаат на мажот издржувањето на семејството и „ѕиркаат“ од зад неговите рамена, но под еден мошне важен услов – тоа рамо мора задолжително да биде силно и сигурно. Со оглед на тоа дека демографската ситуација во Русија (за што веќе зборувавме) не е таква што секоја жена може да смета за сигурен маж, на Русинките често не им преостанува ништо друго освен да ја преземат „власта“ во свои раце.

Современите Русинки го гледаат патот кон независноста во образованието и во кариерата. Според социолошките истражувања 64% од сите државјани на Русија сметаат дека современата жена мора да има високо образование и добро платена работа. Само 27% од испитаните Русинки ја поврзуваат својата благосостојба со високиот материјален статус на мажот. Сега 65% од младите Русинки имаат високо образование, а 40% од високообразованите Русинки сакаат да работат, дури и ако нивниот маж солидно заработува.

Како да го освоите срцето на Русинките?

И покрај сево ова, семејството и понатаму е најважната компонента за среќа и за благосостојба за Русинките! Мнозинството жени во Русија сметаат дека семејните односи мораат да се засновуваат на љубов. Тие се подготвени да бидат верни жени кои ги сакаат своите мажи, но под услов мажот да го сака своето семејство, да го издржува и да се грижи за него. Русинките сакаат да бидат материјално обезбедени, да имаат одговорен маж кој ги сака, и да имаат постојан душевен мир. Поради сето тоа, тие се прилични тешки жени кои имаат големи барања. Тие сè уште не се навикнати сериозно да го сфатат терминот „рамноправност на половите“.

Сето ова што го наведов не значи дека нема да сретнете Русинка која во целост им одговара на некои постоечки врежани мислења, без разлика дали е тоа позитивно или негативно. Но, тоа се исклучоци кои само го потврдуваат правилото.

Тајната формула на руската убавина



Загрузка...

Читайте на сайте

Другие проекты от 123ru.net








































Другие популярные новости дня сегодня


123ru.net — быстрее, чем Я..., самые свежие и актуальные новости Вашего города — каждый день, каждый час с ежеминутным обновлением! Мгновенная публикация на языке оригинала, без модерации и без купюр в разделе Пользователи сайта 123ru.net.

Как добавить свои новости в наши трансляции? Очень просто. Достаточно отправить заявку на наш электронный адрес mail@29ru.net с указанием адреса Вашей ленты новостей в формате RSS или подать заявку на включение Вашего сайта в наш каталог через форму. После модерации заявки в течении 24 часов Ваша лента новостей начнёт транслироваться в разделе Вашего города. Все новости в нашей ленте новостей отсортированы поминутно по времени публикации, которое указано напротив каждой новости справа также как и прямая ссылка на источник информации. Если у Вас есть интересные фото Вашего города или других населённых пунктов Вашего региона мы также готовы опубликовать их в разделе Вашего города в нашем каталоге региональных сайтов, который на сегодняшний день является самым большим региональным ресурсом, охватывающим все города не только России и Украины, но ещё и Белоруссии и Абхазии. Прислать фото можно здесь. Оперативно разместить свою новость в Вашем городе можно самостоятельно через форму.



Новости 24/7 Все города России




Загрузка...


Топ 10 новостей последнего часа






Персональные новости

123ru.net — ежедневник главных новостей Вашего города и Вашего региона. 123ru.net - новости в деталях, свежий, незамыленный образ событий дня, аналитика минувших событий, прогнозы на будущее и непредвзятый взгляд на настоящее, как всегда, оперативно, честно, без купюр и цензуры каждый час, семь дней в неделю, 24 часа в сутки. Ещё больше местных городских новостей Вашего города — на порталах News-Life.pro и News24.pro. Полная лента региональных новостей на этот час — здесь. Самые свежие и популярные публикации событий в России и в мире сегодня - в ТОП-100 и на сайте Russia24.pro. С 2017 года проект 123ru.net стал мультиязычным и расширил свою аудиторию в мировом пространстве. Теперь нас читает не только русскоязычная аудитория и жители бывшего СССР, но и весь современный мир. 123ru.net - мир новостей без границ и цензуры в режиме реального времени. Каждую минуту - 123 самые горячие новости из городов и регионов. С нами Вы никогда не пропустите главное. А самым главным во все века остаётся "время" - наше и Ваше (у каждого - оно своё). Время - бесценно! Берегите и цените время. Здесь и сейчас — знакомства на 123ru.net. . Разместить свою новость локально в любом городе (и даже, на любом языке мира) можно ежесекундно (совершенно бесплатно) с мгновенной публикацией (без цензуры и модерации) самостоятельно - здесь.



Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net