На фестивал во Русија полицијата најде скриени 257 шишиња алкохол
Припадниците на полицијата откри на територијата на фестивалот „Нашествие“ скривница со 257 шишиња алкохол, соопшти регионалната управа на Министерството за внатрешни работи на Русија.
„Првиот ден на фестивалот (...) се откриени закопани во земја 257 шишиња од 0,5 литри со течност што содржи алкохол. Во моментов се врши инспекција“, истакна полицијата, пренесува „Лента.ру“.
Се истакнува дека припадниците на органите на редот и мирот трагаат по лицата одговорни за скривницата.
На територијата на рок-фестивалот е забрането внесување на оружје, опасни предмети, наркотици, лесно расиплива храна и алкохол. Манифестацијата се одржува од 7 до 9 јули во Големо Завидово во Тверската област. Фестивалот „Нашествие“ се одржува од 1999 година.
Музички фестивали поради кои вреди да ја посетите Русија летово