Путин: Ќе ги повикаме партнерите од Г-20 да се сплотат против тероризмот
Русија ќе ги повикува партнерите од Г-20 да се сплотат во борбата против тероризмот, изјави претседателот на Русија Владимир Путин на маргините на самитот на Г-20 во Хамбург.
Путин објави во германски весник статија за Г-20
„И овој пат ќе ги повикуваме партнерите од „дваесетте“ да се сплотат во спротивставувањето на тероризмот, заеднички да придонесуваат за централизација на оние политички, општествени,економски и идеолошки предуслови кои придонесуваат за појава на тероризмот и негова експанзија“, изјави Путин, пренесува RT.
Синоќа рускиот лидер пристигна во Германија за да учествува во самитот.