Путин: Ракетата Х-101 во Сирија покажа висок степен на сигурност
Путин им се заблагодари на војската и конструкторите на ракетата Х-101, додавајќи дека „оваа ракета покажа многу висок степен на сигурност“.
Руски Ту-95МС извршија напад во Сирија со најнови крстосувачки ракети
„Ова е навистина најсовремено оружје, високопрецизно, со голема моќност, со пристоен дострел – 4,5 илјади километри. Оружјата од такво ниво, таква класа треба да бидат во центарот на нашето внимание“, изјави рускиот претседател, пренесува „Взгљад“.
Истовремено шефот на руската држава повика внимателно да се анализира борбеното искуство во Сирија за создавање перспективно оружје.
„Руското оружје демонстрира сигурност и големи можности во текот на антитерористичката операција во Сирија. Потребно е внимателно да се анализира тоа борбено искуство и за модернизација на постојните системи“, изјави Путин.