Трамп ја повика Русија да престане со „поддршката на непријателски режими“
„Ја повикуваме Русија да ја прекине својата дестабилизирачка активност во Украина и во другите региони, како и својата поддршка на непријателските режими, вклучувајќи ги Сирија и Иран“, изјави Трамп.
Тилерсон: Русија и САД можат да постигнат поголем напредок во Сирија
Тој исто така ја повика Москва да се придружи на „борбата со заедничките непријатели и за одбрана на самата цивилизација“, пренесува „Взгљад“.
Претходно во четвртокот Трамп, зборувајќи за одговорот на „дестабилизирачкото однесување на Русија“, изјави за потребата од проширување на соработката во Северноатлантската алијанса.
Москва изјави дека не се согласува со изјавите на Трамп.