МНР на РФ: терористите подготвуваат инсценирани хемиски напади во Сирија
Ова Захарова го изјави во текот на неделниот брифинг.
Захарова: „Хемиското шоу“ добива на замав
„Сириските терористички групи планираат инсценирани провокации со примена на хемиски отровни материи за оправдување на нападите на САД врз позициите на сириските владини сили. Акции со голем процент на веројатност ќе бидат извршени на место недостапно за властите на Сирија“, изјави Захарова, пренесува RT.
Покрај тоа, според неа, терристичката група „Исламска држава“ префрлува од Рака во реоните под нејзина контрола во провинцијата Деир ез Зор работилници и опрема за производство на хемиски материи.