Би-Би-Си:Москва и Пекинг со јасна порака до Запад - иднината им припаѓа ним
Трговските односи меѓу Русија и Кина ќе бидат главната тема на разговорите меѓу шефот на Кремљ Владимир Путин и претседателот на Кина Си Ѓинпин во Москва, пренесува Би-Би-Си. Како што наведува британската телевизија, рускиот и кинескиот лидер ќе се сретнат во пресрет на самитот на Г-20, кој почнува овој петок во Хамбург.
Извештај:Русија и Кина се стремат да го ослабат влијанието на САД во светот
Владимир Путин и Си Ѓинпин одбраа многу погодно време за средба во Москва „на патот до Хамбург“, изјави за Би-Би-Си експертот за Русија од британскиот аналитички центар Verisk Maplecroft Дараг Мекдауел. Според него, Москва и Пекинг испраќаат јасна порака до светот дека тие сега се клучни партнери и имаат намера да истапат на меѓународната сцена како здружен фронт.
На Русија ѝ е потребно тоа за да ги избалансира односите со Западот, смета Мекдауел. Кина пак, според него, се обидува да покаже дека Пекинг веќе не е обичен играч на меѓународната сцена: сега Кина самата ги поставува правилата на игра.
Британскиот експерт, исто така, потенцира дека со средбата во Москва во пресрет на самитот на Г-20 во Хамбург, Русија и Кина, до одреден степен, му велат на Западот: „Вие бевте центарот на моќта вчера. Денес сме ние. Ние сме иднината“, пренесува RT.