Претседателот на ФИФА го оцени Купот на конфедерациите во Русија
Купот на конфедерациите што се одржува во Русија е голем успех. Ова го изјави претседателот на Меѓународната фудбалска федерација Џани Инфантино за „Советски спорт“ во саботата, 1 јули.
„Овој Куп на конфедерациите помина многу успешно од многу гледишта. Ние многу слушавме за проблемите во Русија, за насилство, за хулигани, за расизам – некој кажа дека на луѓето во Русија нема да им е до фудбал. Но, немаме ниту еден инцидент. Некој имаше прашања за инфраструктурата, но сѐ одлично работеше“, изјави Инфантино.
Инфантино: Руското фудбалско семејство е обединето за подготовката на СП
Првиот човек на ФИФА исто така го истакна рускиот народ. „Луѓето во Русија секогаш се смееја, секогаш беа подготвени да помогнат – тоа и е лицето на рускиот народ“, додаде тој.
Во недела ќе се одиграат последните два натпревари од Купот на конфедерациите. За третото место ќе се борат Португалија и Мексико.
Финалниот натпревар ќе биде меѓу репрезентациите на Германија и Чиле, пренесува „Лента.ру“.