Вирусот Petya погоди повеќе од 80 компании во Русија и Украина
Од прес-службата на компанијата Group-IB соопштија дека нападот се случил околу 14 часот по московско време. Начинот на ширење на вирусот-изнудувач Petya во интернет-мрежата е аналог на вирусот WannaCry.
Компанијата соопшти дека жртви на сајбер-нападот се руските компании „Башнефт“, „Роснефт“, TESA, украинските „Запорожјеобленерго“, „Днепроенерго“, „Днепровски електроенергетски систем“, „Нова пошта“, „Ошчадбанк“, меѓународната Mondelez International, американската Mars, германската Nivea.
WannaCry Russia: зошто Русите се поранливи од останатите?
Вкупно од вирусот настрадаа повеќе од 80 компании, пренесува RNS.
Цел на нападот биле и киевското метро, компјутерите во владата на Украина, продавниците „Ашан“, украинските оператори („Киевстар„, LifeCell, „Укртелеком“), „Приватбанк“ и аеродромот „Бориспољ“.
Во вторникот се дозна дека серверите на „Роснефт“ биле подложени на силен хакерски напад. Компанијата се префрли на резервниот систем на управување со производствените процеси и притоа успеа да не го запре производството на нафта, пишува „Взгљад“.