Марадона: Јас сум фан на Путин
Поранешниот фудбалер на репрезентацијата на Аргентина Диего Марадона изјави дека во најскоро време ќе се сретне со Владимир Путин, соопштува аргентинското издание Olé.
Како да се добие фан-карта за мундијалот во Русија?
„Најпрвин ќе имаме средба со Путин. Тој ни се јави. Сака да направиме нешто за Светското првенство 2018 година“, ги цитира изданието зборовите на Марадона.
Тој исто така призна дека е фан на рускиот претседател Владимир Путин.
„Јас сум фан на Путин и би ми било мило да помогнам. Сѐ е можно. Веќе ми се јавија пред два месеци. Важно е лично да се сретнам со претседателот, да поразговарам со него“, потенцираше Марадона, пренесува RT.