САД воведоа нови санкции, Русија разработува возвратни мерки
„Жалиме за тоа. И токму со такво чувство за уште еднаш пропуштените можности да се придвижиме кон подобрување на нашите билатерални односи пристапуваме кон изработка на нашите возвратни мерки“, изјави Рјабков, пренесува RT.
Тој потенцира дека „руските претставници кои се најдоа на тој список токму денеска, се разбира, нема да настрадаат од американските санкции“.
Путин ја коментираше намерата на САД да воведат нови санкции против Русија
Денеска САД ги проширија санкциите против Русија, воведени поради настаните во Украина, пренесува „Газета.ру“.
На ограничувања подлежат 38 лица и организации од Русија и Донбас.
На списокот објавен на сајтот на Министерството за финансии на САД се најдоа заменик-министерот за економски развој на Русија Сергеј Назарова, приватната воена компанија „Вагнер“, фирмите на бизнисменот Евгениј Пригожин Concord Catering и Concord Management and Consulting, мото-центарот на „Ноќните волци“ и други лица и организации.