Советот на ЕУ за надворешни работи ги продолжи антируските санкции
Санкциите се продолжени до 23 јуни 2018 година, се вели во коминикето на Советот.
Сечин: Целта на антируските санкции е да влијаат на ситуацијата во Русија
Оваа категорија санкции вклучува забрани за увоз во ЕУ на производи од Крим и Севастопол, инвестиции на Крим и во Севастопол, услуги, поврзани со туристичката дејност на Крим и Севастопол за транспортните, телекомуникациските и енергетските сектори, како и за нафтената и рударската индустрија.
„Како што е наведено во изјавата од 17 март 2017 година на високиот комесар на ЕУ за меѓународни работи и безбедносна политика од името на ЕУ, Европската Унија продолжува да ја осудува незаконската анексија на Крим и Севастопол од Руската Федерација и останува решително настроена во целост да ја реализира политиката на непризнавање“, соопшти во своето коминике Советот на ЕУ, пренесува „Интерфакс“.