Путин: Грешка е перцепцијата за Русија во САД како „закана“ и „непријател“
„Мислам дека не е сè во идеолошките мотиви, тука повеќе е геополитичка конкуренција. Денеска, сметам, грешката на нашите партнери во САД е во та што тие сѐ уште гледаат во Русија закана, како тоа да е нивниот главен геополитички непријател“, изјави Путин, пренесува RT.
„Интервјуата со Путин“ на Оливер Стоун: нуклеарна војна, Сноуден и слобода
Според него, постојат многу области во кои заедничката работа на Русија и САД би донела позитивни резултати за целиот свет.
Претходно Путин во текот на „Директната линија“ изјави дека Русија не ја смета Америка за свој непријател. Покрај тоа, тој соопшти за подготвеноста за конструктивен дијалог со Вашингтон.