Путин: САД никогаш нема да ја откријат вистината за падот на MH-17
Претседателот на Русија потврдно одговори на прашањето за тоа дали разузнавачките служби на САД имаат информации за падот на патничкиот авион. Притоа тој истакна дека позицијата на САД за Украина е јасна - тие сакаа да ја префрлат целата вина врз бунтовниците и индиректно врз Русија, пренесува „Росијскаја газета“.
Русија и Холандија со слични извештаи за Боингот
„Ако информацијата е спротивна на тоа, тогаш тие (САД) никогаш нема да ја откријат“, изјави Путин. Тој, исто така, изрази уверување дека дел од одговорноста за катастрофата лежи врз раководството на Украина, затоа што не ги послуша советите и почна масовни борбени дејствија во Донбас.
„Боинг 777“ на Малезија Ерлајнс, кој леташе од Амстердам за Куала Лумпур (Малезија), беше соборен на истокот на Украина на 17 јули 2014 година, при што загинаа 298 патници и членови на екипажот.