Путин: Русија ќе го брани Крим со сите средства
Путин укажа дека односот спрема Крим од страна на Русија се променил, затоа што полуостровот станал составен дел од територијата на Русија, пренесува „Взгљад“.
„И доколку видиме закана за својата територија, а Крим е наша територија, ние, како и секоја држава, ќе ја штитиме нашата територија со сите достапни за нас средства“, изјави Путин.
„Интервјуата со Путин“ на Оливер Стоун: што дознавме од првиот дел
Во текот на интервјуто, прикажано во третиот дел од серијата на Стоун за Путин, претседателот на Русија исто така раскажа дека Русија не го присоединила Крим, туку самите Кримјани се изјасниле за присоединување со Русија.
Путин исто така изјави дека Русија не ги загрозува ниту земјите од Прибалтикот, ниту Источна Европа и дека тоа наскоро ќе им стане на сите очигледно.
Претседателот на Русија исто така го коментираше позитивниот однос на Русија спрема Доналд Трамп и раскажа за својата работа со Барак Обама.