Нов ловец-пресретнувач ќе го замени МиГ-31
Во интервју за „Комерсант“ Тарасенко изјави дека претпријатието во рамките на работата со клиенти го поделило бизнисот на неколку дела. Првиот дел е модернизација на авионите кои се претходно испорачани со цел нивните карактеристики да бидат максимално приближени до авионите од петта генерација. „Паралелно ќе работиме и на проектите МиГ-29 и МиГ-35”, рече Тарасенко.
Вториот дел е изработка на перспективен авио-комплекс за пресретнување на големи далечини.
МиГ-31 – чекор пред времето
Генералниот директор на корпорацијата соопшти дека работата за замена на МиГ-31 се одвива во соработка со други компании „додека работиме на концептот на проектот и на неговиот облик“.
Тарасенко исто така изјави дека корпорацијата МиГ направила пробни модели на три типа лесни беспилотни летала: извидувачко, ударно и летало за радиоелектронска борба.
Компанијата во моментов, изјави тој, им ги презентира наведените дизајни на клиентите, кои ќе донесат одлука за понатамошно финансирање на овие проекти, пренесува „Взгљад“.