Порошенко ја забрани „Георгиевската лентичка“ во Украина
Претседателот на Украина Петро Порошенко потпиша закон со кој се смета за административен прекршок производството и пропагирањето на „Георгиевската лентичка“, пренесува „Обозреватељ“.
„Украина ѝ го кажува последното „збогум“ на советско-руската империја“
Документот беше усвоен од Врховната Рада на 16 мај и ќе стапи во сила еден ден по објавувањето.
За носење на „симболот на агресија“ (така Порошенко ја нарече лентичката – заб. на „Лента.ру“) се предвидува глоба, а за нејзино производство, ширење, сликање или повторно појавување со лентичката во јавност се предвидува казна во вид на 15-дневен притвор или парична казна.
Во секој од наведените случаи ќе се врши конфискација на „Георгиевската лентичка“ или на предмети со нејзина слика.