Русија уништи речиси 99% од резервите на хемиско оружје
Русија уништи 98,9% од резервите на отровни материи, изјави за „Интерфакс“ началникот на Федералната управа за безбедно чување и уништување на хемиско оружје генерал-полковник Валериј Капашин во понеделникот.
„Во Русија се уништени 39 илјади и 528 тони бојни отровни материи од сегашните 40 илјади, што изнесува 98,9%“, изјави Капашин.
Уништувањето на сириското хемиско оружје е тешка задача
Тој потсети дека шест специјално создадени за тоа објекти во целост се справиле со поставените задачи, уништувајќи ги локалните арсенали на отровни материи. Работите продолжуваат единствено во последниот, седми објект – селото Кизнер во Удмуртија.
Тој исто така истакна дека на објектот „Кизнер“ се доградени и на 1 јули ќе бидат пуштени во работа две крила за уништување на резервите хемиска муниција со луизит и отровни материи од типот Ви-икс.
„Во редовен режим со почитување на сите безбедносни мерки до крајот на 2017 година ќе ги уништиме и нив“, потенцираше генерал-полковникот. „На тој начин, сите резерви на хемиско оружје во Руската Федерација ќе бидат целосно уништени“.
Претходно беше соопштено дека во понеделникот се уништени резервите на бојниот отров сарин.