Конгресот на САД планира „да ги казни Русите“
Ова сенаторот Греем го изјави за телевизијата Си-Би-Ес Њуз.
Според него, предлог-законот со кој се засилуваат санкциите ќе биде разгледан од Конгресот веќе неделава.
Сечин: Целта на антируските санкции е да влијаат на ситуацијата во Русија
„Има убедлив доказ дека Русија се обидува да ја уништи демократијата овде и во странство“, истакна Греем, пренесува RT.
Сенаторот исто така додаде дека новите ограничувања ќе ја демонстрираат решеноста на САД „да ги казнат Русите“. Ако Трамп притоа одбие да го потпише законот, тоа ќе значи дека тој „ќе ја предаде демократијата“.
Претходно портпаролот на Белата куќа Сара Сандерс изјави дека администрацијата на САД има намера и понатаму да ги задржи санкциите против Русија.