Видео: Дуел на двајца полиглоти на 15 јазици
Холанѓанецот Ваутер Кордјуенер и Македонецот Зоран Радически разговараа на различни теми цели 12 минути. Во текот на дуелот тие зборуваа на 15 јазици.
Осмиот јазик е рускиот, а Радически успеа да се пофали дека знае и „украинскаја и белорускаја мова (украински и белоруски јазик). Кога „заедничките“ јазици на полиглотите завршија, Македонецот кажа неколку реченици уште на шест јазици.
За неполни два дена видеото беше прегледано 145 илјади пати, пренесува РИА „Новости“.