Кремљ: Средба меѓу Путин и Трамп ќе има во Хамбург
„Во Хамбург – да, но нема датум“, соопшти Песков, пренесува „Взгљад“.
Путин видел во Трамп искрен човек
Портпаролот на Кремљ потенцираше дека засега е предвиден само разговор меѓу двајцата лидери и дека нема да има изјави за медиумите.
На почетокот на мај Песков соопшти дека Путин и Трамп во јули ќе учествува во самитот на Г-20 во Германија, што може да послужи како добар повод за средба меѓу двајцата лидери.
Покрај тоа, како што објасни министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, средбата меѓу лидерите на Русија и САД не е потребна за гласни наслови во медиумите, туку за постигнување конкретни резултати, затоа таквите преговори треба добро да се подготват.