Добавить новость
World News





160*600

Новости сегодня на DirectAdvert

Новости сегодня от Adwile

Актуальные новости сегодня от ValueImpression.com


Опубликовать свою новость бесплатно - сейчас


Трамп и Османи за заканите од Србија, косовската влада без коментар

Додека косовската претседателка Вјоса Османи тврди дека има „сигурни информации“ дека американскиот претседател Доналд Трамп „неодамна спречил“ ескалација на безбедносната ситуација од Србија кон Косово, актуелната косовска влада не коментира.
На прашањето на Радио Слободна Европа (РСЕ) за каква ескалација на ситуацијата станува збор, каков конкретен безбедносен ризик постои и кога, косовското Министерство за внатрешни работи исто така не одговори.
Од друга страна, Белград оцени дека претседателката Османи лажно ја обвинува Србија и дека се работи за „замена на тези“.
Инаку, неодамнешните тврдења на американскиот претседател Доналд Трамп дека спречил конфликт меѓу Косово и Србија предизвикуваат внимание, но и конфузија, со оглед на тоа што јавноста не знае детали како што е временскиот период во кој можел да се случи конфликтот.
Сепак, претседателката Османи изјави во Вашингтон на 10 јули дека изјавата на претседателот Трамп јасно се однесува на „последните неколку недели“ и дека не станува збор за стари настани, туку за „многу скорешни случувања“.
Иако не даде дополнителни детали, Османи го изнесе ова тврдење во контекст на дискусиите за улогата на САД во стабилноста на Западен Балкан, додавајќи дека Трамп направил сè што е во негова моќ за да обезбеди мир во регионот.
Јета Љошај, истражувачка во Центарот за безбедносни студии на Косово, оценува дека постои реална закана од Србија, особено во форма на специјални операции и хибридни безбедносни закани.
Таа во изјава за РСЕ додава дека неодамнешната изјава на косовската претседателка за напад од Србија само ги потврдува долгогодишните загрижености што постоеја главно во експертските кругови, засновани на реториката на српските функционери, вклучително и самиот српски претседател Александар Вучиќ.
Сепак, Љошај смета дека е „зачудувачки“ што американскиот претседател отворено зборува за тоа како ги спречил плановите на Србија да го нападне Косово, особено затоа што во пракса тоа би значело напад врз НАТО и истакнува дека Алијансата не издала никаква официјална реакција.

Од друга страна, Душан Јањиќ од Белградскиот форум за етнички односи смета дека изјавата на косовската претседателка дека во последните недели имало безбедносна закана од Србија е „несериозна“ и смета дека изјавата на Трамп за ова прашање се однесува на Вашингтонскиот договор меѓу Косово и Србија, постигнат за време на неговиот прв мандат во септември 2020 година.
Што рече Трамп?Американскиот претседател Доналд Трамп првпат на 15 јуни на Truth Social напиша дека за време на неговиот прв претседателски мандат, Косово и Србија „се движеле кон сериозен конфликт“ и дека војната била на работ да избувне, но дека тој ја спречил.
Тој го обвини својот тогашен наследник, поранешниот претседател Џо Бајден, дека „ја оштетува долгорочната перспектива со некои многу бесмислени одлуки“ и рече дека „ќе ја поправи, повторно“.

„За време на мојот прв мандат, Србија и Косово се спротивставуваа жестоко, како што правеа со децении и овој долготраен конфликт се закануваше да ескалира во војна. Јас го запрев“, напиша Трамп.
Потоа, на прес-конференцијата во Белата куќа на 29 јуни, тој рече дека САД запреле или спречиле конфликти од повеќе страни во последните месеци, вклучувајќи ги Србија и Косово.
„Србија, знаете, се подготвуваше за војна, со група која нема ни да ја споменам, бидејќи тоа не се случи. Успеавме тоа да го спречиме, но имам пријател во Србија кој рече дека повторно ќе војуваат. Нема да кажам дека Косово е во прашање, но Косово е. Тие се подготвуваа за сериозна војна, ние ја спречивме. Ја спречивме поради трговија. Тие сакаа да тргуваат со САД. Јас реков - ние не тргуваме со оние кои војуваат“, рече Трамп.
Потоа, на 9 јули, тој повтори дека ја запрел војната во регионот, заканувајќи се дека ќе ја прекине трговската размена.
„Успеав да решам многу ситуации, како Индија и Пакистан, Косово и Србија. Реков, дали ќе се борите? Нема да тргуваме. И се чини дека беше доста успешно“, рече Трамп.

Неговите изјави доаѓаат во време кога тензиите меѓу Косово и Србија остануваат високи, особено во северно Косово, каде што живее мнозинско српско население.
Ескалацијата на ситуацијата во северно Косово кулминираше во септември 2023 година, кога вооружена група Срби предводена од Милан Радоичиќ - поранешен потпретседател на Српската листа - ја нападна косовската полиција и уби еден полицаец.

Косово го оцени нападот како терористички и ја обвини Србија дека стои зад него, што официјален Белград го негираше.
Османи во Вашингтон потсети на нападот во Бањска, додавајќи дека ваквите настани потврдуваат дека постои реална опасност од слични инциденти во иднина, поради што, како што рече, е важно да има не само воено, туку и политичко одвраќање на Србија од вакви планови.
Љошај: Конфликтите не можат целосно да се исклучатЈета Љошај наведува дека истражувањата на Косовскиот центар за безбедносни студии, како она за зголемувањето на силите за специјални операции во Србија и како Србија го гледа Косово во својата безбедносна доктрина, покажува дека постојат сериозни безбедносни проблеми за Косово, но дека постојат и некои ограничувања.

„При проценка на фактичката подготвеност на Србија да започне поширок, конвенционален напад врз Косово, мора да се земат предвид и ограничувањата. Додека Косово е под заштита на НАТО, кое има мандат за мисијата КФОР од Обединетите нации, секој потег кон конвенционална инвазија би носел висок ризик за Србија. И покрај ова, Советот за национална безбедност на САД издаде предупредување во септември 2023 година за воено засилување од страна на Србија на границата со Косово, потсетувајќи нè дека ваквите сценарија не можат целосно да се исклучат“, рече Љошај.

Таа, исто така, наведува дека мирот во регионот на Западен Балкан е кревок и бара континуирана будност и ангажман од страна на НАТО, како и од страна на САД.
Јањиќ: Безбедносните сили во Србија со месеци не се занимаваат со КосовоДушан Јањиќ укажува дека јавноста не е запознаена со новиот обид за организиран напад врз Косово и дека американскиот претседател Трамп немал ни што да спречи.
„Очигледно е дека Вјоса Османи навистина не следи што се случува во Србија, ова се месеци кога армијата, паравоените сили, па дури и полицијата се занимаваат со други работи, а не со Косово. Затоа мислам дека ова е лекомислена политикантска политика и обид да му се удоволи на Трамп и на неговата амбиција да ја освои Нобеловата награда за мир, но тоа не одговара на фактите“, вели Јањиќ.

Масовни студентски протести се во тек во Србија од ноември минатата година, на кои од мај почнаа повиците за предвремени избори.
На почетокот на јули, на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се тврдеше дека членови на вооружена група од Бањска се во близина на српското Претседателство за да заштитат група студенти кои се спротивставуваат на блокадите, а кои се поддржани од претседателот Александар Вучиќ.

Користејќи алатки за препознавање лица, РСЕ успеа да утврди дека во групата бил и Владимир Вучетиќ од Северна Митровица, кој е еден од 45-те лица обвинети за извршување на нападот во Бањска.
Реакции од БелградРСЕ се обрати до српското Претседателство за коментира за тврдењата на косовската претседателка за плановите на Белград за инвазија на Косово во изминатите неколку недели.
До моментот на објавување на овој текст не добивме никаков одговор.
Сепак, одговори директорот на Канцеларијата за Косово во српската влада, Петар Петковиќ, наведувајќи дека Османи „има мрак на очи“ поради внатрешната политичка криза и неможноста за формирање нови институции по изборите во февруари.
Според соопштението, Османи лажно го обвинила Белград за „свои сопствени насилни планови“, а политичарите од Приштина „бесрамно ги заменуваат тезите и отворено лажат“.
„Ние го зачувуваме кревкиот мир во северно Косово и Метохија само благодарение на мудрата и одмерена политика на претседателот Вучиќ и одговорноста што ја покажа српскиот народ во Косово и Метохија“, се наведува во соопштението.
Соработка на текст од Валонa Телa



Загрузка...

Читайте на сайте

Другие проекты от 123ru.net








































Другие популярные новости дня сегодня


123ru.net — быстрее, чем Я..., самые свежие и актуальные новости Вашего города — каждый день, каждый час с ежеминутным обновлением! Мгновенная публикация на языке оригинала, без модерации и без купюр в разделе Пользователи сайта 123ru.net.

Как добавить свои новости в наши трансляции? Очень просто. Достаточно отправить заявку на наш электронный адрес mail@29ru.net с указанием адреса Вашей ленты новостей в формате RSS или подать заявку на включение Вашего сайта в наш каталог через форму. После модерации заявки в течении 24 часов Ваша лента новостей начнёт транслироваться в разделе Вашего города. Все новости в нашей ленте новостей отсортированы поминутно по времени публикации, которое указано напротив каждой новости справа также как и прямая ссылка на источник информации. Если у Вас есть интересные фото Вашего города или других населённых пунктов Вашего региона мы также готовы опубликовать их в разделе Вашего города в нашем каталоге региональных сайтов, который на сегодняшний день является самым большим региональным ресурсом, охватывающим все города не только России и Украины, но ещё и Белоруссии и Абхазии. Прислать фото можно здесь. Оперативно разместить свою новость в Вашем городе можно самостоятельно через форму.



Новости 24/7 Все города России




Загрузка...


Топ 10 новостей последнего часа






Персональные новости

123ru.net — ежедневник главных новостей Вашего города и Вашего региона. 123ru.net - новости в деталях, свежий, незамыленный образ событий дня, аналитика минувших событий, прогнозы на будущее и непредвзятый взгляд на настоящее, как всегда, оперативно, честно, без купюр и цензуры каждый час, семь дней в неделю, 24 часа в сутки. Ещё больше местных городских новостей Вашего города — на порталах News-Life.pro и News24.pro. Полная лента региональных новостей на этот час — здесь. Самые свежие и популярные публикации событий в России и в мире сегодня - в ТОП-100 и на сайте Russia24.pro. С 2017 года проект 123ru.net стал мультиязычным и расширил свою аудиторию в мировом пространстве. Теперь нас читает не только русскоязычная аудитория и жители бывшего СССР, но и весь современный мир. 123ru.net - мир новостей без границ и цензуры в режиме реального времени. Каждую минуту - 123 самые горячие новости из городов и регионов. С нами Вы никогда не пропустите главное. А самым главным во все века остаётся "время" - наше и Ваше (у каждого - оно своё). Время - бесценно! Берегите и цените время. Здесь и сейчас — знакомства на 123ru.net. . Разместить свою новость локально в любом городе (и даже, на любом языке мира) можно ежесекундно (совершенно бесплатно) с мгновенной публикацией (без цензуры и модерации) самостоятельно - здесь.



Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net