Добавить новость
World News





160*600

Новости сегодня на DirectAdvert

Новости сегодня от Adwile

Актуальные новости сегодня от ValueImpression.com


Опубликовать свою новость бесплатно - сейчас


Во Баку, новинар на РСЕ е осуден на 9 години затвор во случај што се смета за политички мотивиран

Судот во Азербејџан го осуди новинарот и економист Фарид Мехрализада на девет години затвор по обвиненија за кои тој тврди дека се директно поврзани со неговото критичко известување за азербејџанската редакција на Радио Слободна Европа (РСЕ), локално позната како Азадлик Радиосу.
Судот за тешки кривични дела во Баку на 20 јуни го осуди Мехрализада и уште шестмина новинари, при што сите ги негираа обвиненијата и тврдеа дека се невини.
Во своето завршно обраќање, Мехрализада изјави дека разбира оти пресудата што ќе биде објавена „нема да биде одлука на судиите, туку на оние што го наредија нашето апсење“.
„Ако сакаат, можат да ни изречат доживотна казна затвор, па дури и да го променат кривичниот закон, да ја вратат смртната казна и да нè осудат на погубување. Зашто во земјите каде што не се почитуваат владеењето на правото и независноста на судството, судските процеси не претставуваат ништо повеќе од лажна насмевка на авторитарните власти“, додаде тој.
Фарид Мехрализада првпат беше приведен на 30 мај 2024 година, кога агенти на безбедносните служби го пресретнаа, му ставија качулка на глава и му шепнаа на уво „Премногу зборуваш.“
На 1 јуни 2024 година, судот во Баку му одреди притвор на Мехрализада поради наводна „завера за криумчарење странска валута“, во врска со случај кој азербејџанските власти го покренаа против медиумската куќа Abzas Media.
Веднаш по апсењето, Abzas Media издаде соопштение во кое се тврди дека Мехрализада немал директна врска со нивниот медиум и дека бил само еден од многуте експерти чии коментари биле објавувани на нивната веб-страница.
Основачот на Abzas, Улви Хасанли, и главната уредничка Севињ Абасова (Вагифкизи), исто така беа осудени на 20 јуни на по девет години затвор.
Вработениот во Abzas, Махамад Кекалов, беше осуден на седум години и шест месеци затвор, додека уредникот на агенцијата Turan Information, Хафиз Бабали, доби девет години, а новинарките Наргиз Абсаламова и Елнара Гасимова по осум години затвор во рамки на истиот случај.
За време на судењето, Мехрализада внимателно ги изложи околностите на неговото апсење како доказ дека случајот е политички мотивиран — како одговор на неговите „критички ставови за социјалната и економската политика што се спроведува во Азербејџан“.
„Фарид веќе изгуби многу,“ изјави претседателот и главен извршен директор на Радио Слободна Европа, Стив Капус.
„Невина личност е неправедно притворена повеќе од една година, го пропушти раѓањето на своето дете и сега чека правда која изгледа недостижна. Ускратувањето на основните права на овој човек е непотребно сурово. Наместо оваа фарса да продолжува, време е Фарид повторно да се обедини со своето семејство.“
Мехрализадините економски анализи често ја критикуваа зависноста на Азербејџан од нафтата и гасот и ги доведуваа во прашање официјалните статистики за невработеноста и сиромаштијата.
Првично беше обвинет за криумчарење, но подоцна беа додадени и други обвиненија, вклучително и за нелегално претприемништво, затајување данок, бандитско криумчарење и фалсификување документи — обвиненија што тој и неговите поддржувачи ги нарекоа измислени и дополнителен доказ дека случајот е воден од политички сили.
Од преземањето на власта во 2003 година, по смртта на својот татко и претходник Хејдар Алиев, претседателот Илхам Алиев се соочува со обвинувања за потиснување на неистомислениците преку апсење на новинари, опозициски фигури и активисти од граѓанското општество.
Изгледа дека тој тренд неодамна се засили, со повеќе од 30 новинари и бранители на човекови права уапсени под слични обвиненија, кои меѓународните институции ги сметаат за политички мотивирани.
Сепак, азербејџанските власти доследно ги негираат овие тврдења. Во случајот на Мехрализада и другите неодамна уапсени, владата инсистира дека нивното апсење произлегува од конкретни кривични дела, а не од политичка одмазда.
„Имајќи предвид дека речиси 20 други новинари се соочуваат со судења по слични обвиненија, меѓународната заедница мора јасно да стави до знаење дека не може да има ‘вообичаен бизнис’ со Азербејџан додека масовно ги затвора медиумските работници“, изјави Гулноза Саид, координаторка за Европа и Централна Азија во Комитетот за заштита на новинарите (CPJ), во соопштение непосредно пред објавувањето на пресудата.
Репортери без граници бараат ослободување на новинарите

Репортери без граници (RSF) остро ја осудија, како што ја нарекоа, „нечуената пресуда на Фарид Мехрализада на девет години затвор, како и казните до девет години за новинарите на Abzas Media“.
„Тоа е пародија на правдата што го открива обемот на војната на азербејџанскиот режим против независното новинарство. Овие обвиненија се очигледно измислени и политички мотивирани, наменети за казнување на новинарите поради откривање корупција и информирање на јавноста“, изјави Ан Боканде, директорка во RSF.
Таа истакна дека судењето било „обележано со процедурски прекршувања, ускратување на законските права и дејства на заплашување, со што пресудата станува нелегитимна“.
„Во целост сме солидарни со Фарид, кој покажа извонредна храброст и морална јасност во соочувањето со угнетувањето. RSF бара итно и безусловно ослободување на него и новинарите од Abzas Media, и ги повикува демократските влади да го повикаат Азербејџан на одговорност за овој напад врз слободата на печатот“, додаде Боканде.



Загрузка...

Читайте на сайте

Другие проекты от 123ru.net








































Другие популярные новости дня сегодня


123ru.net — быстрее, чем Я..., самые свежие и актуальные новости Вашего города — каждый день, каждый час с ежеминутным обновлением! Мгновенная публикация на языке оригинала, без модерации и без купюр в разделе Пользователи сайта 123ru.net.

Как добавить свои новости в наши трансляции? Очень просто. Достаточно отправить заявку на наш электронный адрес mail@29ru.net с указанием адреса Вашей ленты новостей в формате RSS или подать заявку на включение Вашего сайта в наш каталог через форму. После модерации заявки в течении 24 часов Ваша лента новостей начнёт транслироваться в разделе Вашего города. Все новости в нашей ленте новостей отсортированы поминутно по времени публикации, которое указано напротив каждой новости справа также как и прямая ссылка на источник информации. Если у Вас есть интересные фото Вашего города или других населённых пунктов Вашего региона мы также готовы опубликовать их в разделе Вашего города в нашем каталоге региональных сайтов, который на сегодняшний день является самым большим региональным ресурсом, охватывающим все города не только России и Украины, но ещё и Белоруссии и Абхазии. Прислать фото можно здесь. Оперативно разместить свою новость в Вашем городе можно самостоятельно через форму.



Новости 24/7 Все города России




Загрузка...


Топ 10 новостей последнего часа






Персональные новости

123ru.net — ежедневник главных новостей Вашего города и Вашего региона. 123ru.net - новости в деталях, свежий, незамыленный образ событий дня, аналитика минувших событий, прогнозы на будущее и непредвзятый взгляд на настоящее, как всегда, оперативно, честно, без купюр и цензуры каждый час, семь дней в неделю, 24 часа в сутки. Ещё больше местных городских новостей Вашего города — на порталах News-Life.pro и News24.pro. Полная лента региональных новостей на этот час — здесь. Самые свежие и популярные публикации событий в России и в мире сегодня - в ТОП-100 и на сайте Russia24.pro. С 2017 года проект 123ru.net стал мультиязычным и расширил свою аудиторию в мировом пространстве. Теперь нас читает не только русскоязычная аудитория и жители бывшего СССР, но и весь современный мир. 123ru.net - мир новостей без границ и цензуры в режиме реального времени. Каждую минуту - 123 самые горячие новости из городов и регионов. С нами Вы никогда не пропустите главное. А самым главным во все века остаётся "время" - наше и Ваше (у каждого - оно своё). Время - бесценно! Берегите и цените время. Здесь и сейчас — знакомства на 123ru.net. . Разместить свою новость локально в любом городе (и даже, на любом языке мира) можно ежесекундно (совершенно бесплатно) с мгновенной публикацией (без цензуры и модерации) самостоятельно - здесь.



Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире




Путин в России и мире

Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.






Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...





Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net