Петровска: Одбранбената соработката со Бугарија е пример како може да соработуваат две земји
Министерството за одбрана на Северна Македонија соопшти дека министерката Петровска по разговорот со својот колега истакнала дека соработката помеѓу Северна Македонија и Бугарија е исклучително значајна и дека е на ниво кое доликува на две сојузнички земји во НАТО.
„Соработката како и досега и во иднина ќе преставува позитивен пример за тоа како да се развиваат односите помеѓу нашите две држави“, изјави министерката.
Министерот Тагарев порача дека односите во одбраната помеѓу двете земји се многу добри и дека високо го цени придонесот на Северна Македонија во мултинационалните сили на НАТО во Бугарија. Додаде дека односите во одбраната се на високо ниво и дека ќе работи на нивен развој и во иднина.
Учеството на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во рамките на НАТО силите во Бугарија започна во ноември 2022 со испраќање на еден вод и еден штабен офицер. Тие се составен дел од колективниот систем за одвраќање и одбрана. Македонскиот контингент во мултинационалните сили во Бугарија е во големина на еден вод, помала воена единица. Во овие сили има над 1 000 припадници од сојузниците Северна Македонија, Бугарија, Албанија, Грција, Црна Гора, Турција и САД, под водство на Италија.
Северна Македонија е дел од НАТО од март 2020.