Временска прогноза – свежо наутро, потопло преку ден
Во Скопје сончево со максимална температура до 29 степени.
Во следните три дена ќе биде претежно сончево, со мала облачност и засилен северен ветер. Минимална температура ќе се движи од пет до 17 степени, а максималната од 23 до 31 степен.
УХМР информира дека следува период на стабилно време со повремена умерена облачност. В недела и понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура од вторник малку ќе опадне, а дневната температура наместа во Повардарието ќе надминува 30 степени.