Кина е првата земја со амбасадор во Авганистан под власт на талибанците
Талибанците не се официјално признати од ниту една странска влада, а Пекинг не посочи дали назначувањето на амбасадор сигнализира некакви пошироки чекори кон формално признавање на Талибанците.
„Ова е нормална ротација на кинескиот амбасадор во Авганистан и има за цел да го продолжи унапредувањето на дијалогот и соработката меѓу Кина и Авганистан“, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.
Во него се додава дека политиката на Кина кон Авганистан е јасна и конзистентна.
Талибанците ја соборија авганистанската влада поддржана од Западот и ја презедоа власта пред две години.