Радев: Уставните измени не се бугарски барања, туку европски
„Тоа се европски, а не бугарски барања, кои јасно кажуваат дека Република Северна Македонија мора да го измени својот устав за да им даде можност на Бугарите да имаат уставна заштита и еднакви права со тоа што ќе бидат вклучени во уставот на еднаква основа со другите државотворни нации во земјата. Треба да се искорени јазикот на омразата и насилството врз Бугарите, и да се почитува и заштити бугарското културно и историско наследство“, истакнува Радев.
Бугарскиот претседател изразува недеж дека државниот врв во Скопје што побргу „ќе ги прифати европските принципи и вредности за подобра иднина на граѓаните на Северна Македонија, како и за создавање подобра перспектива за сите на Балканот“.
„Двете земји не се само соседи, туку пример како на Балканот може да се надминат проблемите од минатото и да се градат стратешки односи врз основа на европските принципи и вредности,“ изјави шефот на бугарската држава.