Министерство за финансии не го одобри барањето за додатоци на плата на Судски совет
Новиот претседател на Судскиот Совет Сашко Георгиев го испратил барањето до Министерството кон крајот на јуни. Во него е наведено дека бара одобрение за пренамена на буџетот за судска власт во вредност од три илјади евра.
„Пренамената се врши со цел обезбедување на средства за исплата на додатоци на плата во износ од 20 проценти за вработените во Академијата за судии и јавни обвинители за месец јуни 2023 година,“ е објаснувањето од Судскиот совет.
Од Министерството за финансии одговориле дека не треба да се создаваат неизмирени обврски на крајот на годината на расходните ставки од каде се врши пренамена на средства и да се реализираат обврски.
„Министерството не ја одобрува планираната прераспределба на средства имајќи в предвид дека со оваа прераспределба не се покрива недостатокот во масата на плати и соодветно на тоа не би имало расположливи средства за исплата на додатоци на плата“ се вели во одговорот на Министерството.