Рекордни 44 Целзиусови степени измерени во Виетнам
Претходната максимална температура во оваа југоисточна азиска земја изнесуваше 43,4 степени.
Научниците од Ханој потсетуваат дека порастот на температурата е загрижувачки во контекст на климатските промени и глобалното затоплување.Климата во Виетнам варира од север кон југ, а земјата сега влегува во најтоплиот период од годината.