Извештајот на Европската комисија за 2022 година пред пратениците
Една од точките по кои треба да расправаат пратениците е и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка и Предлог на закон за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата, во прво читање.
Во посета на Парламентот се очекува и Делегација од израелскиот Кнесет, која ќе се сретне со претседателот Џафери и пратеничката Рашела Мизрахи, претседател на пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот со Израел.