Во новиот пакет санкции против Русија, ЕУ предвидува изземање за Западен Балкан
Западот подготвува нови санкции врз Русија поради ескалација на војната
Оваа одредба се однесува на оние земји од регионот, кои немаат излез на море и кои увезуваат сурова нафта преку Хрватска. Министрите за енергетика денеска на вонредна средба што разговараат и одлучуваат за мерките и новиот пакет санкции. Мерките главно се однесуваат на определување на границите на цената на нафтата и ќе се донесе одлука за забрана на транспортот на нафта чија цена ја надминува договорената гранична цена што Унијата треба да ја одреди. При усвојувањето на петтиот пакет санкции против Русија, во април оваа година, ЕУ на сличен начин ја иззема Србија, што овозможи да продолжи непреченото снабдување со нафта на домашниот пазар преку Јадранскиот гасовод. Министрите за енергетика на ЕУ денеска решаваат и за вонредни мерки поврзани со дополнителните пари на енергетските компании и ќе разговараат за ограничување на цените на бензинот.