Во Босна и Херцеговина на полноќ почнува изборниот молк
Шмит донесе одлука за финансирање на изборите во Босна и Херцеговина
Како што пишуваат дел од медиумите, во центарот на фокусот е изборот на нови членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, од кои бошњачкиот и хрватскиот член се избираат во Федерацијата БиХ, а српскиот во Република Српска. За бошњачкиот член, битката е меѓу Бакир Изетбеговиќ, кандидатот на Партија на демократските акции и Денис Беќировиќ од Социјалдемократската партија на БиХ, кого го поддржаа и останатите опозициски партии во Федерацијата Босна и Херцеговина. Во трката за хрватскиот член се Борјана Кришто, кандидатката на Хрватската демократска заедница на БиХ и Жељко Комшиќ од Демократскиот фронт. Гласачите од Република Српска ќе може да бираат меѓу пет кандидати, а главни ривали се Жељка Цвијановиќ, кандидатката на Сојузот на независни социјалдемократи и Мирко Шаровиќ од Српската демократска партија.