ЦУК: Најмногу пријави за поплавени простории и за паднати дрва од вчерашното невреме
Невремето предизвика хаос во Скопје
БППЗ на Град Скопје после невремето со нивни екипи интервенирале во десетина случаи за испумпување на навлезена вода од објекти и критичните места. На скопските сообраќајници од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека вечерта и ноќта со цистерни и вакуум цистерни работеа на исцрпување на насобраната вода и на одзатнување на атмосферската канализација на критичните места (подвозници и главни сообраќајници) и исто така по пријави на граѓани на уште 40-тина други места. Утрово состојбата е нормализирана, наведуваат од ЦУК.
ОН: шумските пожари и поплавите можат да се спречат
Оттаму додаваат дека од ЕВН известуваат дека дефектите во електро системот настанати од атмосферските празнења и силниот ветер во повеќе реони од градот и околината во текот на ноќта се отстранети освен кон селата Дворце и Радуша во Општината Сарај каде жителите се уште се без електрична енергија. Според известувањето од Сообраќајната полиција како и ЈСП Скопје од околу полноќ состојбата на сите сообраќајници е нормализирана и утрово сообраќајот и јавниот градски превоз се одвива нормално, посочуваат од ЦУК.