Рот: Македонскиот е јазик во Европа на културни различности
Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство
Германскиот пратеник Рот по средбата со претседателот Стево Пендаровски, е на разговори со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Претходно Рот беше примен и од претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а имаше средба и со претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антониjо Милошоски. Михаел Рот пред да биде избран за пратеник во Бундестагот ја извршуваше функцијата државен министер за Европа во германското МНР.