Рот: уставни измени за да продолжат пристапните преговори
Рот: Македонскиот е јазик во Европа на културни различности
„Затоа е сега многу важно уште еднаш да се предочи и да биде јасно дека ЕУ не претставува само внатрешен пазар и заедница која што има една валута туку дека таа е заедница која има културна и јазична разновидност и дека никој нема право да се меша во културниот идентитет. Ниту еден договор нема да може никогаш да промени нешто од ова основно начело на коешто се базира ЕУ, рече германскиот пратеник Рот кој изрази надеж дека во македонскиот Парламент ќе можат да се создадат предуслови да се продолжи, како што кажа „ангажирано со пристапните преговори“. Германскиот пратеник кажа дека ќе се сретне и со претставници на опозицијата и граѓанскиот сектор, и дека е дојден да слушне што имаат тие да кажат и дека има разбирање за фрустрацијата која што постои.
Рот: Крајно време е да се отворат преговорите со С. Македонија и Албанија
Германскиот пратеник Рот имаше средби со претседателот Стево Пендаровски, со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Претходно Рот беше примен и од претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а имаше средба и со претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антониjо Милошоски. Михаел Рот пред да биде избран за пратеник во Бундестагот ја извршуваше функцијата државен министер за Европа во германското МНР.