Филипче - Засега нема потреба од нови мерки
Во тој контекст тој најави дека од понеделник почнува теренска вакцинација и вакцинирање на граѓаните без закажување. Тој информира дека според информациите со кои располага, во лабораториите во земјава не е секвенциониран нов случај на делта сој на коронавирус освен постојните. Но, рече, од МАНУ го информирале дека има четири случаи кои треба да бидат секвенционирани, а се суспектни на јужноафриканскиот сој.
МЗ: Граѓаните масовно да се вакцинираат, сите вакцини се безбедни
Филипче одговараше на новинарско прашање по отворањето на Центарот за прва психолошка помош и психосоцијална поддршка на Црвениот крст на Македонија.