ЕМА откри можна врска на срцево воспаление и вакцините на Фајзер и Модерна
Според агенцијата, миокардитис и перикардитис, мора да бидат наведени како несакани ефекти на двете вакцини против Ковид-19.
МЗ: Сите вакцини се ефикасни и штитат од тешка форма на делта сојот
Таквите случаи, како што се наведува, се јавуваат почесто по втората доза и кај помлади мажи што е во согласност со наодите на САД минатиот месец. Симптомите вклучуваат отежнато дишење и болка во градите.
ЕМА исто така советува дека луѓето со историја на синдром на ретко крвно нарушување, капиларен протек не смеат да бидат вакцинирани со Џонсон и Џонсон вакцината.
„ЕМА потврдува дека придобивките од сите овластени вакцини за Ковид-19 продолжуваат да ги надминуваат нивните ризици“, соопштија од агенцијата.
Вкупно ЕМА разгледа повеќе од 300 случаи на миокардитис и перикардитис во Европската унија, Исланд, Норвешка и Лихтенштајн. Повеќето случаи биле по примањето на вакцината на Фајзер.