Пет нови случаи на Ковид-19, еден починат и 86 оздравени
Во моментов во земјава има 141 активен случај на корона вирус, од кои најмногу во главниот град Скопје, соопшти Министерството за здравство.
Од новите позитивни на Ковид-19, во Скопје се двајца, а во Велес, Кавадарци и Берово по еден.
СЗО предупредува на нов ковид бран во Европа
Вкупниот број на заболени од почетокот на епидемијата е 155.689, а бројот на смртни случаи е 5.485 лица.
Досега во земјава направени се вкупно 881.870 тестирања на Ковид-19. Излекувани се 150.063 лица.
Инаку, Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека е неизбежен нов бран на инфекции од корона вирусот во Европа, каде што високо заразната Делта варијанта предизвика раст на нави случаи во неколу земји.
Од организацијата наведуваат дека ќе има нов бран во европскиот регион, освен ако луѓето не останат дисциплинирани.