Нови 336 случаи на корона, починати 10, а оздравени 385 пациенти
Битката со ковид- 19 ја загубиле пет пациенти од Скопје, по еден од Кавадарци, Гостивар, Кочани, Охрид и Прилеп. Сите пациенти се починати во болнички услови, а најмладиот бил на 49 годишна возраст, додека пак најстариот на 86 годишна возраст.
Филипче најави најсофистицирана терапија на антитела за ковид пациенти
Досега во земјата се направени вкупно 449.995 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91891, бројката на оздравени пациенти е 80393, на починати е 2831, а бројот на активни случаи изнесува 8667.