СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со изедначен рејтинг, кај лидерите на прво место е Заев, по него Апасиев
Значителен број граѓани 23,8 процент рекле дека „ќе го поништат гласачкото ливче/нема да излезат да гласаат“, а 17,5 проценти „одбиле да одговорат/не знам“.
Анкетата покажува дека најголема доверба граѓаните имаат во Зоран Заев (39,7 отсто), потоа е лидерот на Левица, Димитар Апасиев (29,7 проценти), а веднаш потоа се е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски (28,3 отсто) и лидерот на ДУИ, Али Ахмети (15,5 проценти).
Анкетата е направена на национално репрезентативен примерок од 1000 испитаници постари од 18 години.