ЕУ одобри 70 милиони евра за вакцини за Западен Балкан
Пакетот ќе биде исплатен во облик на грантови, најавува Комисијата.
Тоа ќе им помогне на земјите од Западен Балкан да купат одреден број вакцини преку Договорот за набавка на ЕУ со шест производители, со тоа што одделни земји членки на Унијата ќе го поделат делот од своите однапред добиени дози.
Брисел објаснува дека преку меѓународната иницијатива Ковакс, за која земјите од Западен Балкан се пријавија, испораката на вакцини ќе почне подоцна од кампањата за вакцинирање во ЕУ, но Унијата „ќе го пополни тој јаз“, така што на регионот ќе му овозможи пристап до одреден број дози од своите купопродажни договори.
„Промена на играта“ во борбата против ковид-19, Европа се вакцинира
Вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров во име на Владата се заблагодари за усвојувањето на пакетот помош.
„ЕУ е нашиот најважен и најблизок пријател во сите фази на пандемијата“, вели Димитров.