Делумно отворање на верските објекти во Велика Британија
Присутните треба да одржуваат физичка дистанца.
Министерот за заедници и локална управа Роберт Џенрик рече дека луѓето од сите вери „покажале големо трпение и толеранција“ за време на изолацијата, и дека не биле во можност да ги прослават Велигден, Бајрам, Пасха или Вајсахи на традиционален начин.
Според владиниот план за ублажување на мерките, верските објекти не би требало целосно да отворат најмалку до 4 јули, но владата за понатамошните мерки ќе дискутира во вторник.