Нови 111 случаи на коронавирус, двајца починати
Во последните 24 часа се направени 854 тестирања, од кои 103 теста се во рамките на скринингот во градинки преку ЦЈЗ Штип и Кочани, од кои 9 тестови на вработени во градинки во Кочани се позитивни на ковид-19.
Девет позитивни на коронавирусот во градинката „Павлина Велјанова“ во Кочани
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациентка од Струга на возраст од 53 години и пациент од Прилеп на возраст од 80 години.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 36325 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3025, бројката на оздравени пациенти е 1646, на починати е 153, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1226.