Косово ја отвора границата со Албанија, се укинува самоизолацијата за лицата кои влегуваат во земјата
Министерот за здравство Арменд Земај изјави дека од утре, понеделник, се укинува мерката на самоизолација за лицата кои влегуваат во земјата, како и дека ќе се овозможи слободно движење на граѓаните и стоките, без полицискиот час кој беше во сила досега.