Хелихоптерот кај Струмица се урнал поради неосветлен антенски столб
Во овој случај се обвинети Јулијана Спировска, тогашна директорка на ЈП „Македонска радиодифузија“, Драгослав Радески, технички директор и правното лице ЈП „Македонска радиодифузија“, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност.
Во хеликоптерот произведен 2008 година на 10 јули 2014 година пилотите на МВР- Драган Мицев, Марјан Трајкoвиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички биле на ноќен лет на релација Скопје-Велес-Неготино-Валандово-Струмица-Берово-Делчево и назад и била користена опрема за ноќно летање.
Во моментот на урнувањето на хеликоптерот тип МИ17, со регистарски ознаки МАР 7712, удрил во антенски столб на „Македонската радиодифузија“, а четворицата пилоти починале веднаш. Судењето продолжува на 27 март.