Трамп: Добро се одвиваат разговорите со Кина
Трамп во октомври изјави дека очекува наскоро да се влезе во втората фаза преговори откако ќе биде завршена првата фаза. Втората фаза, според него, ќе се фокусира на клучните забелешки на САД дека Кина ја краде американската интелектуална сопственост, принудувајќи ги американските компании својата технологија да им ја префрлат на кинеските ривали.